После монументалниот протестен собир на Македонскиот народ под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од СДСМ и ДУИ молчат како што молчеа после крошето кое го доживеаа по пропаднатиот референдум!
Но никој да не се лаже и нека нема илузии: СДСМ и ДУИ нема доброволно и така лесно да заминат од власта и да ја напуштат својата “златна кокошка” наречена Македонска влада која им носи кукавички корумпирачки јајца со секој нов тендер, со секое ново вработување во веќе превработената администрација, со секое службено патување на сметка на напатениот и веќе во животно-загрозувачка ситуација народ.






СДСМ и ДУИ до крај ќе пружаат отпор на волјата на народот се додека не ja измолзат и последнотa капка што може да ја “измолзат” притоа на тој свој клептоманско-коруптивен пат до темел не ја разурнат првенствено Македонската економија и се друго по пат.
Само и само да ги задоволат своите клептомански апетити!
Колку побрзо замине оваа коалиција на Македонската апокалипса од власт толку побргу тонењето на Македонија ќе запре и ќе почне д се придвижува во позитивнаа насока.
За тоа да се случи на оваа ненародна власт треба да и се случи народ: горд, достоинствен, работлив, чесен, полн со љубов за Македонија, без скриени намери и агенди…
На еден таков народ обединет зад заедничка цел за пад на актуелната владата предводена од СДСМ и ДУИ му е потребен предводник со високо ниво на свесност за сите можни сценарија на расплет и околности.
Македонија е лулка на Балканот, Папокот на светот, Буре барут на Европа.
Токму поради таа огромна геостратешка позиција на Македонија, Македонскиот народ како и секогаш низ историјата има своја цел прво да опстои и постои а потоа да ги афирмира своите цивилизациски вредности кои некој сака да ги откине од светската сцена на цивилизациски поредок.
Со синоќешниот протестен митинг ВМРО-ДПМНЕ со актуелното раководство на чело со Христијан Мицкоски покажа и докажа како се брани Македонија пред се со ум и разум а потоа (не помалку важно) и со срце.
Молчи Бихачка, молчат Таче, Заев и бандата клептомани засекирани за своите придобивки на грбот на народот.
На 18.06 Македонскиот народ покажа високо ниво на патриотизам, свесност за сопствената улога и подготвеност да ја поведе оваа нова генерациска борба за своја слобода.
Пишува: Кирчо Анастасов