Во единаесетте општини од Брегалничкиот (Источен плански регион) од вкупно запишани 152.587 граѓани во Избирачкиот список со право на глас кои гласаа во текот на вчерашниот референдумски ден на вкупно 390 Избирачки места, ЗА референдумското прашање со кое се менува името на Република Македонија гласале вкупно 42.062 гласачи, што е само 27.57% од вкупниот број на запишани избирачи.
Со помалку од една третина гласови ЗА референдумското прашање за промена на името и Уставот на Република Македонија, вчерашниот референдумски процес е повеќе од неуспешен со што граѓаните на Источниот плански регион кажаа едно громогласно НЕ на промената на името на државата.
На гласачките места во текот на вчерашниот ден во целиот Брегалнички регион излегле вкупно 49.563 избирач од кои пак против гласале 5.092 или 3.34% од вкупниот број на излезени а неважечки гласачки ливчиња биле 2.416 или 1.58 од вкупниот број на излезени гласачи.
На општинско ниво од сите 11 општини во регионот најмал процент на излезеност е забележан во општина Зрновци со излезени вкупно 524 од вкупно 2560 избирачи што е 20,47%.
Најголем процент на излезеност е забележан е забележан во Општина Берово од 38,42%. Просечниот процент на излезеност на целиот Брегалнички регион е 32.48 %.
Целосната наша анализа направена за Брегалничкиот регион погледнете ја во сл. табеларен приказ:



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево