БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во петок во Миленко Неделковски шоу, очекуваме обединување на левицата и десницата во Бојкотирам движењето

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Новинарот Миленко Неделковски во својата емисија Миленко Неделковски Шоу во петок како гости во живо ќе ги има Љупчо Палевски-Палчо и филип Петровски.

Се очекува овие двајца гласноговорници на движењето Бојкотирам да ги соочат своите аргументи во однос на последните несогласувања и нивно надминување кои се однесуваат на делувањето во рамки на ова граѓанско движење кое се спротивставува на имплементацијата на Преспанскиот договор за промена на името на Република Македонија.

Ова ќе биде пеколно добра емисија во која се надеваме на позитивен исход во однос на обединувањето на сите противници на Преспанскиот Договор на Зоран Заев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Миленко за она што не очекува во петокот:

 По мала пауза од технички и безбедносни причини, редовните емисии од 14-тата сезона на Миленко Неделковски Шоу продолжуваат во редовниот термин во петок 23-ти во 20.00 часот, како и досега во живо. Без монтажа, титкање, извинување, манипулирање…
Во петок БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА, со судир на гостите во емисијата Филип Петровски и Љупчо Палевски Палчо.
Во петок уживање. Палчо, Филип и Миленко на едно место, во живо…

-напиша Миленко.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace