БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Скопје за разлика од Охрид се отвори нова МАКЕДОНСКА канцеларија, надвор од фокусот на сите медиуми и јавност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден во срцето на скопската населба Аеродром се промовираше новата канцеларија која е носител и промовира Македонски национални идентитетски обележја.

Во време кога во Oхрид се отвара канцеларија на фашистички водач и најблизок соработник на Хитлер, под будното око на целокупната јавност и медиуми, во Скопје речиси незабележано со многу труд, напор и посветеност но и со огромно ниво на љубов и патриотизам веќе повеќе месеци работи една поинаква канцеларија посветена на Македонскиот народ.

Здружението Македонски Аманет со помош на случајни или неслучајни поединци преку оваа канцеларија промовира Македонски традиционални, револуционерни, културни, едукативни и пред се патриотски вредности единствено со ретка декларативна поддршка на малкубројните институциите на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Додека клубови на странски пропаганди добиваат целосен фокус од медиумите, луѓето од оваа канцеларија со огромна доза на лична пожртвуваност тврдоглаво се обидуваат Македонската кауза да допре до што е можно поголем број на граѓани. Веројатно е Македонско проклетство да не знаеме да си ги цениме и почитуваме сопствените Македонски вредности, но со луѓе како што се членовите на здружението Македонски Аманет, Македонската Кауза ќе продолжи да живее.

“Денес во Аеродром,Три бисери, поставен е излогот на новата канцеларија на здружението Македонски Аманет Македонец за Македонец.По тој повод ги повикуваме сите да се приклучат во борбата за македонската Кауза.Секоја нова македонска канцеларија е одбрана и бедем кон фашистичко-бугарскиот лобинг во Македонија. Од “Три бисери” македонската Кауза се шири низ цела Македонија.Добредојден е секој кој што е спремен да вложи дел од себе си во оваа долга и тешка борба без крај ама вредна за да се живее за неа.Тука се Гоце ,Ченто ,Завет и дело,тука сте добредојдени Македонци.
Аеродром,Три бисери,Скопје”

-информираа од канцеларијата Македонец за Македонец од Скопје.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace