БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во СОУ „Гошо Викентиев“ – отворен центар за обука за PLC-програмирање

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Средното техничко училиште „Гошо Викентиев“ го отвори новиот тренинг-центар за PLC-програмирање, како заедничка иницијатива на училиштето, „Амфенол технолоџи Македонија“ и Активностите на УСАИД – Партнерства за економски раст и Млади кои активно создаваат можности. 

Центарот за обуки e опремен со најсовремените PLC-уреди, најразлични видови сензори и целосна релејна и пневматска опрема, а професори од училиштето и вработени од компанијата учествуваа на обука за користење на опремата. Вкупната инвестиција изнесува 40 илјади американски долари, а СОУ „Гошо Викентиев“ учествува со реновирање и подготовка на училницата и обезбедување на компјутерската опрема. Воспоставена е и нова електрична и пневматска инсталација и маси кои создаваат реален работен простор. PLC-уредите се базирани на микропроцесори кои се користат за автоматизација на скоро сите современи машини во индустријата. 

На свеченоста по повод отворањето на Тренинг-центарот, се обратија директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ Владо Симеонов, директорот на „АТМ“ Сашко Наков и директорот на канцеларијата на УСАИД за економски развој Кристофер Доџ, кои ги истакнаа придобивките од оваа инвестиција. Таа на учениците ќе им овозможи да стекнат знаења и вештини од областа на PLC-програмирањето, а по завршувањето на образованието ќе биде можност за вработување во приватниот сектор. Од друга страна, приватниот сектор ќе добие веќе обучена, висококвалификувана, дефицитарна работна сила. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Центарот за обука за PLC-програмирање претставува продолжување на долгогодишната соработка помеѓу УСАИД, приватниот сектор и образовните институции во насока на развој на работната сила и растот на продуктивноста на компаниите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace