БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Водата во Езерото Младост во Велес со одличен квалитет

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Последните микробиолошки испитувања на водата во Езеро Младост, спроведени во месец мај и јуни од страна на акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје Велес , покажуваат дека во однос на микробиолошките индикатори езерската вода е оценета како “одлична”.

Во однос на физичко-хемиските индикатори, примероците вода од мерните места: плажа пред Хотел Романтик, плажа пред брод Панини и плажа пред Мотел на Велешко , покажуваат дека во најголем дел водата е во прва и втора класа, освен вредностите за матност кои се движат во рамките од трета до петта класа, за сатурација од трета до четврта класа и трета класа во однос на присуство на амонијак.

Генерален заклучок е дека водата во езерото може да се користи за капење и рекреација, а нејзиниот квалитет се проверува во текот на летниот период на секои 15 дена.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сите поголеми угостистелски објекти се приклучени на Регионалниот колектор за фекална канализација кој минува околу езерото. Во периодот кој претстои ќе се изврши предавање на колекторот на стопанисување на ЈКП Деревен.

Општина Велес апелира до граѓаните совесно да се однесуваат при престој на езерото затоа што тоа е место за рекреација и релаксација за сите, а благодетите на езерото се многукратни. Да го чуваат и да се грижат посетителите за езерото , како најдостапно прибежиште од градскиот асфалт во летните горештини.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace