Фестивалот на отворено „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo) кој се одржа изминатиот викенд од 21 до 23 јуни во Крушево донесе над 3 000 посетители и меѓу 400 и 500 пријавени учесници за активностите на фестивалот.
Општина Крушево и организаторот еколошко друштво „Аутдор Манифест“ се задоволни од посетеноста и очекуваат таа догодина дополнително да расте.

Градот бил исполнет , посетителите презадоволни од крушевската преубава природа и чист воздух, и она што Крушево најдобро го нуди, а тоа е длабока историја. До крајот на летото Крушево ќе понуди и параглајдинг натпревари, фестивалите Крушево Будно и П.С. Гитар фест. Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, Крушево низ корија, ФИС Ролер ски куп Тоше Проески и многу други активности.

Димитар Ангелкоски, како еден од организаторите на When in Krusevo изрази задоволство од третото издание на фестивалот.
„ Им се заблагодаруваме на сите оние кои ја препознаа идејата, концептот на When in Krusevo и несебично го поддржаа овој настан. Оваа година, како што очекувавме, фестивалот растеше и се надеваме дека ќе продолжи да расте и во наредните години. На овогодинешниот фестивал имавме над 400 учесници што е значително подобрување во одност на минатата година кога имавме околу 300 .“, рече Ангелскоски од еколошкото друштво „Аутдор манифест“.
Настанот опфаќаше концерти под отворено небо, планинарски, велосипедски и кајк тури, јога часови, јавање на коњи, детски активности за најмладите и еколошки активности.