БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вонредна временска прогноза – Се најавува cилно невpеме во попладневните часови

Пренеси го гласот

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во јужните и источните делови од земјава, каде ќе има пообилен дожд.

Локално се очекува да наврнат до 20 литри на метар квадратен.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

УХМР информира дека од Албанија кон нашата земја навлегува поголема нестабилна воздушна маса од која има појава на пороен дожд и грмежи во подрачјето од Шар Планина, Маврово, преку Полог, па се до Скопската котлина. Нестабилност има и во Мариовско, потоа во околината на Радовиш и на Струмица Процесите се преместуваат од запад кон исток.

Ова е моменталната состојба пред најавеното невреме:

Креирано од:


Пренеси го гласот