Македонскиот прогресивен хард рок бенд Хроматик поинт го најави своето ново музичко чедо, новиот албум насловен како “За Металцките работи”.
Судејки според насловот на новиот албум повеќе од очигледна е направената паралела се можеби најзначајното литературно дело во Македонската книжевност “За Македонцките работи” на Крсте Петков Мисирков.
Од бендот на социјалните мрежи го објавија сетот на песни кои што ќе бидат застапени на албумот меѓу кои како последна осма песна е и нивниот последен објавен сингл “Црно семе”
“За Металцките Работи” ќе биде достапен веќе од следната недела.
Track list:
1. Kokino-Dawn of Man
2. Synesthesia
3. Back to the roots
4. Stamp5. Elysium6. Clockwork
7. М’лскавици
8. Црно семе
Местата каде ќе може да се набави ќе бидат дополнително објавени. До тогаш stay tuned и слушнете го нашиот нов сингл “Црно Семе”.”
-напишаа на фејсбук од менаџментот на бендот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!