БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Македонија во декември ќе ја добие преговарачката рамка за членство во ЕУ и покрај неспособноста и штетноста на политиките на актуелната власт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаше свое жестоко и изразено искрено интервју во синоќешното гостување во емисијата “Што мисли народот” на регионалната ТВ Стар Телевизија. Впрочем искреноста на Мицкоски во изминатиот период и не била негова слаба страна, но целовитоста на одговорите и актуелноста на темите на отворената дебата во ова интервју се разликува од сите негови претходни интервјуа.

Во интервјуто Мицкоски зборува за перманентните напади кои што ги доживува во изминатите три години под налетот на жестоката пропаганда на СДСМ и актуелната власт, редовно “обландирани” на повеќе нивоа од разно-разни поданички, платенички и центри на интерес против ВМРО-ДПМНЕ во служба на Зоран Заев и актуелната криминална мафијашка банда на власт.

Мицкоски зборува за разно-разните естрадни ѕвезди кои што својата слава и лична корист ја бараат во политиката на грбот и на штета граѓаните и државата, на кои што им одговара опортунизмот и ослабнувањето на ВМРО-ДПМНЕ во служба на нивните сопствени бизнис интереси и зона на комоција во услови на разграбување на ресурсите и разнебитување на институциите од страна на Зоран Заев на сите нивоа во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Изградената перцепција за минатите и актуелните политички случувања во државата е скапо платена од парите на граѓаните низ брутален поткуп кој во услови на наметната глобална сиромаштија во државата носи краткорочен ефект во секојдневието на граѓаните, но на долг рок ваквиот криминален популизам ја донесе Македонија во катастрофално лошата состојба во која моментално се наоѓа државата. За сега повторно кога е најтешко погледот на граѓаните повторно да биде вперен кон ВМРО-ДПМНЕ како партија која што е столб на опстанокот на Македонското постоење.

Мицкоски во интервјуто ја истакна перманантната борба која што партијата ја манифестира во изминатиот период во одбрана на народот против сите штетни политики на Зоран Заев. Таа борба се рефлектира низ демократски сретства како преку протести на улиците ширум државата, така и внатре во институциите. Особено е важно тоа што Мицкоски го истакна како и повеќе пати до сега дека тој и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да “војуваат со туѓи синови” наспроти провокациите на ненародната власт чие што постоење се базира на несреќата на повеќемина македонци-уставобранители кои беа насанкани да влезат во собранието на 27 април 2017 година за потоа неправедно да бидат судени како терористи, додека Зоран Заев ги рушеше идентитетските темели на постоењето на Македонската независна држава.

Мицкоски во интервјуто зборува и за актуелните предизвици и катастрофално лошата состојба со пандемијата со Ковит-19, неспособноста односно незаинтересираноста на власта да се справува со заразата и негативните економски ефекти, преокупирана со трка за богатење на неколкумина поединци од семејството на Заев и нивни блиски соработници.

За сите неправди кои што се случуваат во државата Мицкоски завзеде јасен и експлицитен став дека по промената на власта сите тие кои се огрешиле кон законот до еден ќе одговараат./

Во интервјуто Мицкоски зборува за штетните политики на актуелните надлежни функционери во владата кои создадоа штетни политики во односите со соседна Бугарија и ја истакна својата убеденост дека Македонија во декември ќе ја добие преговарачката рамка за пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ и покрај огромното ниво на неспособност на Зоран Заев и неговите министри. Мицкоски ја изрази својата длабока убеденост дека аргументите во она што соседна Бугарија се обидува да го наметне во т.н. Договор за добрососедство се на страната на МАкедонскиот народ и со помош на европските пријатели Македонија ќе ја добие заслужената рамка за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Мицкоски во своите одговори проговори и за неколку локални теми за политичките состојби кои се рефлектираат врз секојдневието на штипјани и граѓаните од поширокиот регион, како и поразителната неефикасност во реализацијата на ветените проекти кои што актуелните градоначалници и централна власт не се способни да ги реализираат за подобрување на животот на граѓаните.

Целото интервју за емисијата “Што мисли народот” на ТВ СТАР со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски може да го погледнете во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace