БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заменик претседателот на Владата Фетаи: „Владеењето на правото е основа на нашата иднина“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес, на состанокот на Работниот комитет за Националната развојна стратегија 2024-2044, Заменик претседателот на Владата Арбен Фетаи ја потенцираше важноста на владеењето на правото како основа за демократско, одржливо и развиено општество.

„Владеењето на правото не е само принцип, туку тоа е темел врз кој се гради нашата иднина. Без независен, транспарентен и непристрасен правен систем, одржливиот развој е невозможен,“ изјави Фетаи.

Потпретседателот Фетаи изрази загриженост за постојаните предизвици, како што се политичките интервенции во судскиот систем, одложувањата во судските случаи и недостатокот на ефикасност од страна на судиите и обвинителите. Тој нагласи дека последниот извештај на Европската комисија за нашата земја е јасен повик за итна акција.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Господинот Фетаи побара тесна соработка меѓу институциите, академската заедница и меѓународните партнери за справување со овие предизвици и за градење на доверлив и одржлив правен систем.

„Време е за храбри акции, за вистински и мерливи реформи. Нашиот успех зависи од нашата посветеност за изградба на држава каде што правдата и развојот одат рака под рака,“ заклучи Фетаи.

Извор: Влада.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот