БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зошто трудниците од Кочани се пораѓаат во другите породилни центри?-прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на своја прес конференција опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја алармираше јавноста во врска со условите за работа во кочанскиот центар за Гинекологија и акушерство.

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на прес конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани:

“Почитувани сограѓани, почитувани пријатели,
ОК НА ВМРО-ДПМНЕ, Ви ја честита Новата 2020 година, Ви посакуваме многу здравје и успеси како на приватен така и на професионален план.
Додека скоро во сите градови се пофалија со новородените во новата 2020 година, кај нас новороденче сеуште нема!
Дали знаете дека мајките од Кочани и кочанско се породуваат по другите центри?
Дали знаете дека во изминатата 2019-та имаме документирано повеќе од 60 трудници за царски рез кои се препраќани во другите центри затоа што директорот не создал услови за ваков вид на зафати кај нас?

Дали знаете дека со тоа што трудниците се препраќаат во другите центри, мајките се изложуваат на ризик, семејствата на дополнителен стрес а нашата болница има загубено повеќе пд 100.000 евра кои би ги добила од фондот.

Дали работата на центарот за Гинекологија и акушерство намерно се блокира за да се промовира Кочани како центар за ампутации?
Дали знаевте дека во болницата во Кочани се правеле царски резови пред 60 години а денес за истото мора да одат во Штип или Скопје?
Дали директорот си игра со човечки судбини само за да ги задоволи интересите на политиката која заговара затворање на болницата и трансформација во центар за ампутации.
Јавно го повикуваме директорот да и објасни на јавноста зошто се препраќаат овие случаи кога имаме кадар и јавно го повикуваме градоначалникот да се вклучи во ова прашање а да не се интересира само за сијаличките над реката!
Децата се ѕвездите на нашето небо градоначалник а не сијаличките!

Во новата 2020 година, да ја ставиме крај на неодговорното работење и да ја започнеме Обновата на Македонија! “

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace