Итната помош и интерното одделение во Виница ги подобрија здравствените услуги за пациентите со обезбедување на нови современи болнички кревети кои стигнаа веќе во здраствениот дом во Виница од Ротари клубот Кочани -Виница, а се донација од виничанецот Владимир Лазаров кој живее и работи во Германија.

Донацијата беше поздравена од првиот човек на Здравен Дом , д-р Венко Данчев, претседателот на Ротари клубот Јован Попов, а јавна благодарност упати и градоначалникот Ивица Димитров.
Покрај Виница, 40 кревети се распоредени и на одделенијата во болницата во Кочани. Болничките кревети се со електричен механизам, и се производство на германската фирма Хил Рол, и се во вкупна вредност од околу 100 000 евра. Во овој хуманитарен чекор на Лазаров, посредуваше општинската организација на Црвен Крст Виница. Инаку, Ротари клубот Кочани-Виница, пред само неколку месеци донираше и ЕКГ апарат за потребите на Итната помош во Виница.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание
Тече литературниот конкурс за 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание кој го распиша ЈЛБ “Илинден” Делчево
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Школството и просветителскиот живот во село Разловци во минатото