Да се биде од Велес, значи да се расте слушајќи за Гемиџиите. Длабоко во нас е вкоренета нивната саможртва, како пример за љубов кон татковината.
Денес се потсетуваме на солунските атентатори и се гордееме со нивната големина. 121 години подоцна нивното дело се уште жубори во нас и не задолжува да продолжиме со нивниот аманет.
Во нивна чест, Општина Велес ја обнови спомен- плочата на која се испишани нивните имиња, како пркос кон денешнината која неретко не притиска.
Не штедејќи се себеси да љубиме, да работиме, да се бориме. Не штедејќи се себеси да се арчиме за Македонија!
Слава им! Да живее Република Македонија!
-соопштениое упатено до јавноста од страна на Марко Колев- Градоначалник на општина Велес по повод настанот за одбележување на 121 годишнината од солунските атентати.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“