БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Распишан огласот за организирање Новогодишен базар во Кочани 

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани го објави огласот за организирање Новогодишен базар по пат на јавно наддавање. 

Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена на јавното наддавање е 30 илјади денари, со  минимален праг на наддавање од 3 илјади денари. Јавното наддавање ќе се спроведе на 20 ноември 2023 г., во 12 ч., во просториите на Општина Кочани. 

Новогодишниот базар ќе се одржи на целата парцела во Градскиот парк во Кочани, во периодот од 22 декември 2023 г. до 14 јануари 2024 г. Општина Кочани ќе го подготви  и ќе го украси просторот на кој закупецот треба да постави десет монтажни објекти и штандови изработени од дрво и плексиглас, наменети за продажба на храна, пијалаци, сувенири, ракотворби… 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Искуството од досега организираните базари и хепенинзи во Градскиот парк во Кочани покажа  дека понудените културно-забавни содржини во соодветно оформениот празничен амбиент, се привлечни за граѓаните на Кочани и на регионот. 

Креирано од:


Пренеси го гласот