БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски од Берово: Заев се бори да го смени името за да си ја задржи својата фотеља

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во својата работна агенда Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го посето Берово, каде имаше можност да поразговара со членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина но и со останати граѓани со кои Претседателот на опозициската партија сподели низа размислувања за актуелната политичка состојба во државата.

Вечерва бев во Берово, граѓаните разочарани и гневни, а во исто време револтирани на Зоран Заев.

Човекот бега од дуел, не го пуштаат затоа што е човек кој витка кичма, човек кој кога нема да му оди според планот се заканува или подмитува, мисли се се купува за пари, и затоа на плоштадите сам се фали дека потикнува поткупување на граѓани само за да излезат луѓето да гласаат, тргува со достоинството и честа на Македонија исто како што тоа го прави со нашиот идентитет. Лаже дека ќе имало 13-та плата, а бизнисмените немаат ни за 12 плати годишно да исплатат, а немаат зошто економијата е на колена.

Пред Беровчани реков, добро е што нашите меѓународни пријатели даваат поддршка за евроатланските интеграции, но уште подобро ќе беше барем кога доаѓаат толку често да донесат по една, две инвестиции, за да отвориме нови работни и за да конечно и тргне на земјава, бидејќи сме приковани на дното и затоа што самиот договор нема да го направи животот подобар, напротив.

Многу е едноставно Заев се бори да го смени името за да си ја задржи својата фотеља, а камшиците кои вели дека ни требале како земја, можам да кажам дека единствениот кој е потребен е токму за него, затоа што има земји каде престапниците и криминогените луѓе ги казнуваат со камшик. А најголемиот камшик ќе дојде од народот на избори.

-напиша на фејсбук Христијан Мицкоски

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот