БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ во еко-акција исчисти депонија во центарот на Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на глобалното граѓанско движење Светски ден на чистотaта 2018 (World cleanup day) денеска во Делчево во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево се спроведе акција за чистење на депонија на комунален смет во центарот на Делчево.

Во акцијата зедоа учество околу 15-тина активисти од подмладокот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ од Делчево заедно со Претседателот на УМС НА ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржаловски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на акцијата беше исчистена поголема површина на локацијата за изградба на новиот градски пазар предвиден за изградба спорет ДУП за централното градско подрачје во Делчево.

Светски ден на чистотата е најголемо граѓанско движење во светот во кое се вклучени над 150 земји со милиони волонтери од целиот свет, кои што сите заедно се залагаат за почист свет.

Оваа глобална акција за подигање на свеста кај луѓето за почист свет, се одржува секоја година на 15 септември.

Овогодинешната акција се совпаѓа со 100 годишнината од создавањето на Естонија-земја во која е родено ова движење и е најубав подарок на оваа земја за целиот свет.

Креирано од:


Пренеси го гласот