БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Подземјето стана надземје и владее со улиците низ Македонија. Шурувањето на мафијата со политиката мора да престане!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со влошената општа безбедносна состојба во Република Македонија со свое соопштение се обратија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј текст во продолжение го пренесуваме во целост:

“Во Македонија никогаш не било полошо, како сега со ДУИ и СДС на власт. Безбедноста и јавниот ред никогаш не биле позагрозени како сега со Оливер Спасовски. Сега подземјето е надземје и владее со улиците.

Мафијашките пресметки станаа секојдневие, а најголем број од убиствата остануваат нерасветлени. Нема криминалец кој не се сликал со некој функционер на власта. Наместо борба против криминалот, институциите станаа јатаци на криминалците.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пропаѓаат акции, затвореници бегаат од затвори, лица со дебело досиеја слободно се шетаат по улици и го повторуваат делото.

Едноставно неказнивоста царува. Заради неказнивоста и пропустите во истрагата настрадаа малата Вања и велешанецот Панче. Најмалку едно од овие убиства можеше и требаше да биде спречено.

Граѓаните не може да добијат лична карта, ама затоа белосветски мафијаши добиваа македонски пасоши, во канцеларии на МВР со злоупотреба на идентитети на македонски граѓани.

Децата со месеци беа цел на лажни дојави на бомби во училиштата и МВР не направи ништо, ама затоа набавиле шпионски софтвер со кој може да го следат секој паметен уред на граѓаните и го користат за следење на неистомисленици.

Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски, СДС и ДУИ се директно одговорни за застрашувачкиот криминал. Важно е криминалот да биде поразен. Важно е да ја поразиме оваа власт.”

-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ упатено до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот