Теренски работни активности на Одделение за градежни работи на 30 јануари 2024 година
Екипите на Одделение за градежни работи во соработка со Општина Кочани денес работат на тампонирање, асфалтирање и поставување на бекатон и камени плочки на ударни места каде што претходно беа санирани повеќе дефекти на водоводна и канализациона мрежа.
Санацијата на ударни дупки со ладна асфалтна маса и бекатон плочки активно ќе се извршува и во текот наредниот период.
![]()
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот, а особено околу местата каде ќе се одвиваат градежни активности за санација на асфалтниот слој кој беше оштетен поради дефектите или временските неприлики!
Извор: КЈП „Водовод“ – Кочани

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември