БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски: Досега 25 вработени доброволно се пријавија да помогнат во издавањето лични документи на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден бев во посета на Одделението за управни работи – Скопје каде директно се запознав со фактичката состојба во делот на издавање на лични документи.

Имено, досега 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавија и беа упатени да помогнат во овој процес. Во таа насока во текот на вчерашниот ден истите почнаа со обука за сликање и издавање на документите, а од моја страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамки на моите законски овластувања со цел сите вработени во Одделението за управни работи – Скопје и во отсеците за управни работи низ државата, како и оние кои се упатени времено да работат таму, да бидат соодветно наградени.

Исто така, ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам на вработените во ова Одделение кои и покрај лошите услови во кои работат, вложуваат натчовечки напори за да им излезат во пресрет на граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Извор: Панче Тошковски

Креирано од:


Пренеси го гласот