Граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина, порача заменик претседателката на СДСМ и носителка на листата на СДСМ во третата изборна единица Сања Лукаревска на денешната промоција на Програма за европска иднина.
Лукаревска при презенитација на дел од мерките предвидени во победничката програма на СДСМ, најави дека износот на повратот за МојДДВ до 2028 година ќе се зголеми на 3.000 денари.Оваа мерка, која ја воведовме пред речиси 5 години, е уште еден ефикасен механизам за заштита на домашната економија и на државниот буџет, но и мерка преку која вративме близу 150 милиони евра во семејниот буџет на граѓаните МојДДВ продолжува да се бори со сивата економија заедно со граѓаните.
Во 2025 година максималниот износ на поврат ќе го зголемиме на 2.400 денари, во 2027 на 2.700 денари, а на крајот на мандатот во 2028 година тој ќе изнесува 3.000 денари во едно тромесечје, истакна Ликаревска, додавајќи дека во изминатите пет години, со оваа успешна мерка за заштита на домашната економија и на државниот буџет, кај граѓаните се вратени близу 150 милиони евра.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист