Денеска училишниот двор во село Парналија, општина Карбинци како и пристапната улица до училиштето добија нов асфалт.
Тоа значи подобри услови во секојдневниот живот за жителите кои гравитираат кон овој дел од населеното место што беше нивно долгогодишно барање до претходните сите локални власти.
Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска беше на лице место на увид на градежните работи.
“Денес, по долгогодишно барање на жителите, нов асфалт доби училишниот двор и пристапната улица до истиот во с.Парналија.
Создаваме услови за подобар живот на граѓаните во сите населени места во нашата општина!”
-информираше денеска преку социјалните мрежи Виктор Паунов- Градоначалник на Карбинци.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година