На пригоден настан во кој што свое учество зедоа учениците и дел од вработените во Основното Општинско Училиште “Димитар Влахов” во Штип беше поставена биста на Народниот херој и општествен деец Димитар Влахов.
На настанот свое обраќање пред присутните имаше и градоначалникот на Штип Иван Јорданов кој ја истакна важноста и значењето од негувањето и аирмацијата на делото на Димитар Влахов како и останатите револуционери и општествени дејци и првенци на Македонскиот народ.
“Денес во основното училиште “Димитар Влахов” во пресрет на одбележување на патрониот празник, беше поставена спомен бистата на македонскиот револуционер, општественик и државник Димитар Влахов.
За да чекориме гордо кон иднината, наша обврска е да ги почитуваме делата на нашите предци и да ги негуваме нивните идеали и наследство.”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година