БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски на Канал 5 ТВ: Единствениот најодговорен за животот на граѓаните моментално во државата е Зоран Заев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во вчерашното гостување на вестите во централниот дневник на Канал 5 телевизија Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговараше на повеќа актуелни прашања за состојбите во државата.

На прашањето од страна на новинарката поврзано за појавувањето на Никола Груевски на медиумите како руча во ресторан во Будимпешта, за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се огради од својот почесен претседател, Христијан Мицкоски одговори дека повеќе пати во изминатиот период ова прашање е одговарано и дека 

… вистинското прашање е како на Македонија да и тргне, како Македонија да биде подобра, да не биде 112 место на европската скала за перцепција на корупцијата, да не се ставаат по пријателски врски членови на судски совет, да не се бираат по роднинска основа дипломати, судии во Република Македонија, да немаме привилегирани економски оператори, кои што ќе имаат единствена привилегија во оваа држава да водат бизнис….

За сето тоа ниту е Груевски виновен, нити некој кој што во моментот не е активен во политиката. Единствената одговорност кој што во овој момент ја има во државата да понуди подобар и поквалитетен живот за граѓаните во Република Македонија е Зоран Заев.

Ајде да зборуваме за иднината на Република Македонија. Ниту е важно прашањето зошто Зоран Заев не се откажал од транзиционите хирови на неговите претходници, ниту е важно прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ не се откажало од Никола Груевски. Важно е како да направиме подобар живот за нашите граѓани. Тоа е суштината и тоа е вистинското прашање.

-истакна Христијан Мицкоски како лајт мотив во неговото интервју.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот