Во рамки на проектот „Мапирање на разликите во домувањето за Роми”, кој е финансиран од средства од Европската Унија, претставници на Здружението „Ромски Деловен Информативен Центар – ЗРДИЦМ”, од Скопје, денес остварија средба со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.
Целта на проектот е снимање на краток документарен филм за животот на Ромите.
Во интервјуто кое го даде градоначалникот Коцевски тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваат Ромите во Велес, но и за решенијата и начинот на кои тие се разрешуваат, како и за теми поврзани за инфраструктурните прашања во населените места каде живеат сограѓаните Роми.

Покрај средбата со првиот човек на градот, претставниците на ЗРДИЦМ, остварија средби и со други јавни институции од градот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар