Пред некој ден дознавме што се е тема за преговори помеѓу мешаната (не)македонско-бугарска комисија.
Дамите и господата, што очигледно немаат попаметна работа, решиле дека Цар Самоил е бугарски цар и дека нема македонски јазик.
Сепак главната расправа се водела околу ликот и делото на Гоце Делчев.
Се шпекулира дека било побарано дури и моштите на Делчев да ги пренесат во Бугарија.
Договарјте се господа… Слободно договарајте се…
Но имајте на ум дека тие мошти ќе ве колнат како што ве колне и македонскиот народ.
А вие, мој сакан македонски народе, размислете дали ќе ги дадете моштите на Делчев и целата историја, сето достоинство за “кристално чиста препорака” или ” кристално чист” датум за преговори со ЕУ.
Дали било што е толку вредно колку што се нашата историја и моштите на овој великан?


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст