Дискорама, една од најквалитетните музички радио програми од Аргентина своето 278-мо издание ќе го посвети за музиката и животниот пат на македонскиот композитор, аранжер, продуцент, вокалист и гитарист – Владимир Четкар.
Во емисиите на Дискорама гостувале некои од најлегендарните светски продуценти и музичари на популарната музика.
Во ексклузивното интервју Четкар зборува за неговите музички почетоци во Охрид, Македонија, студентските денови во Беркли, соработката со познати светски музички куќи и продуценти како и професионалната кариера како кантавтор и фронтмен која го однесе на некој од најголемите музички фестивали и џез клубови во светот.
На 13 Јули во Охрид на плажата Бонанца, Владимир Четкар пред македонската публика ќе одржи концертна промоција на својот трет студиски албум насловен – ‘GOING HOME’.
Концертот е дел од манифестацијата Вино и Џез кој оваа година ќе одржи јубилејно,во своето петто издание. Бидете дел од неверојатната магија која ќе ја пренесе Четкар преку својот нов албум Going Home.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар