БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Колку проекти Општина Делчево аплицирала и добила од ИПА-програмата за Прекугранична соработка на ЕУ во време на мандатот на Градоначалникот Трајковски, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ од Делчево на својата фејсбук страница упати неколку прашања од интерес на јавноста во врска со работата на општина Делчево под контрола на Градоначалникот Горан Трајковски.

Нивната објава ја пренесуваме интегрално во целост:

Почитувани,
во интерес на европските вредности и развојот на општина Делчево за кои толку многу се залагаше пред изборите актуелната локална власт и градоначалникот Горан Трајковски, во Делчево сакаме да прашаме:
1️⃣ Колку проекти се аплицирани од страна на Општина Делчево под раководство на Градоначалникот Горан Трајковски, на ИПА компонентата за прекугранична соработка со партнер општини од Република Бугарија од 30-ти октомври 2017 година па до денес?
2️⃣Колку проекти се аплицирани од страна на локалните институции (две основни училишта, детска градинка, Јавно комунално претпријатие, Гимназија, Територијална противпожарна единица) под контрола на Градоначалникот Горан Трајковски од 30-ти октомври 2017 година па до денес?
3️⃣Колку од тие проекти што ги аплицирала локалната власт под контрола на Градоначалникот Горан Трајковски се ДОБИЕНИ, реализирани или се реализираат од страна на актуелната локална власт и институции?
4️⃣Колку нови нестручни и неспособни административни лица се вработени во општина Делчево и локалните институции под контрола на Градоначалникот Трајковски од 30-ти октомври 2017 година па до денес?
5️⃣Дали Општина Делчево планира и со која динамика, обука на постојните вработени службени лица во општината и локалните институции со цел да стекнат знаења за подготовка и реализација на проекти финансирани од европските фондови кои стојат на располагање преку оваа компонента на Европската унија за Прекугранична соработка?
➡️➡️➡️
Како општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево сметаме дека работата на општината Делчево и локалните институции во делот на Прекуграничната соработка преку ИПА компонентата на ЕУ е повеќе од важна за нашата општина, со што може да се обезбедат значителни финансиски сретства за подобрување на животот на граѓаните на Делчево-првенствено но и условите за живот од двете страни на границата. 
☑️Очекуваме јавен и транспарентен одговор од страна на надлежните одговорни локални функционери.
http://www.ipa-cbc-007.eu/

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

До моментот на објавувањето на оваа статија, се уште немаше одговор од страна на општина Делчево или Градоначалникот Трајковски на упатените прашања во јавност.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace