БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на ВМРО-ДПМНЕ со Хрватската Амбасадорка: Ќе бидеме фокусирани на суштински реформи во правосудниот систем

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дипломатските односи на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе добиваат на интензитет. Комуникацијата на раководните структури на опозициската партија во рамки на Европската народна партија како и официјалните претставници на европските држави и САД претставува голема придобивка за афирмацијата на Република Македонија на меѓународен план, како и изнаоѓање на можности за соработка на Македонските граѓани со партнери од странство.

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со Секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија работна средба со хрватската амбасадорка во партиските простории на ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа на самата средба станало збор за состојбите во Република Македонија на политички план како и процесите поврзани со евроинтегративните процеси на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжебние во целост го пренесуваме соопштението лиферувано до јавноста од страна на Мицкоски:

“Денес заедно со меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски / Timco Mucunski остваривме средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата разговаравме за актуелните политички случувања во државата, членството на Република Македонија во Европската Унија и престојните парламентарни избори.

Нагласив дека приоритет и стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во Европската Унија, притоа потенцирав дека ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како Македонија да ја стави на брзата трака за членство во Унијата.

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде фокусирана на суштински реформи во правосудниот систем и спроведување на реформски процеси клучни за европската перспектива на Република Македонија. Потенцирав дека високиот степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта се клучниот проблем со кој се соочува нашата држава, а токму ова е аргумент во застојот на интеграциите.

Ја истакнав и важноста на фер и демократски изборен процес за иднината на државата.

Со соговорниците се согласивме дека Република Македонија и Република Хрватска имаат одлични односи кои треба дополнително да се продлабочат.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace