БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христина Смилевска: Со СДСМ на власт и деспотизмот на Зоран Заев се расплакаа многу семејства

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во немање на аргументи за тоа што направиле за граѓаните на Делчево, СДСМ во нашата општина, по примерот на нивниот шеф Зоран Заев се однесуваат како ноеви со главата во песок.

3 години власт во државата и уште 2.5 години апсолутна власт на СДСМ во Делчево, за граѓаните донесоа “блесок” кој што делчевчани го однесоа насекаде низ светот, бегајќи од сопствените домови во потрага по подобар живот за себе и своите семејства.

Со СДСМ на власт и деспотизмот на Зоран Заев се расплакаа многу семејства, многу деца останаа да легнуваат на спиење без своите татковци и мајки.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Прогонот на сите оние кои не размислуваат со главата на деспотот Заев, ќе остане запаметен за сите генерации што доаѓаат..
До ден денес останаа чевлите пред влада необуени и уште повеќе се мултиплицираа како резултат на бандитизмот на Зоран Заев во сите сфери на живеење.

Малку беше што ја погазија волјата на Македонскиот народ, што погазија се што е свето- Македонско, па требаше и до гола кожа да го ограбат со разно разни рекети, Луј Витон торби, тендери и фондови за иновации овој напатен народ.

Во немоќ и посрамотени од сопствено владеење, свесни за катастрофата која ја донесоа од СДСМ во Делчево пуштаат во јавност бледи соопштенија со намера што помалку луѓе да ги прочитаат а истовремено да го задоволат партискиот шеф, по секоја цена да се одговори нешто во јавност па макар тоа било и глупост до глупост.
Криењето зад своите партиски соопштенија нема да помогне да се скријат од народот на 12-ти април.

Да! Обновата доаѓа за сите чесни и трудољубиви делчевчани.
Но, доаѓа и за бандитите, криминалците и насилниците кои се огрешија кон овој народ кој беше прегазен од железните опинци на Зоран Заев.👌🇲🇰👌

Пишува: Христина Смилевска

Претседателка на Унијата на ќени на ВМРО-ДПМНЕ Општински Комитет Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот