Денеска на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ реагираа во јавноста во врска со распишаниот тендер од страна на Општина Штип за набавка на пијалоци и засладувачи.
Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ:
“Почитувани сограѓани,
Општина Штип претставувана од градоначалникот склучила договор за пијалоци и засладувачи во висина од 283.000 денари или скоро 5.000 евра!. Во време кога компаниите ги отпуштаат вработените, кога народот мака мачи како да го помине скапиот ден, Општина Штип расипнички ги троши парите на граѓаните.
Иако деновиве сме сведоци како централната власт посочува дека фалат пари во државниот буџет, сепак тоа не ја спречува локалната власт во Штип да се луксузира и да го потроши и последниот денар на граѓаните. Оваа набавка е уште една од низата на непродуктивни трошење во кризен период. Меѓутоа, и оваа набавка ја потврдува неспособноста на локалната власт за менаџирање со локалниот буџет. Очигледно е дека СДС нема намера да се откаже од своите навики за расипничко трошење, а одговор за ваквите навики секако треба да дадат градоначалникот и Општина Штип.”



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип