По серијата шпекулантски и скандаозни одлуки на Владата предводена од Оливер Спасовски донесени во време на прогласена Вонредна состојба поради корона вирусот во јавноста своја реакција упати Иван Јорданов од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој што е и Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.
Јорданов упатува обвинување на адреса на владеачката СДСМ дека ја злоупотребуваат Вонредната состојба за поткусурување на сопствените партиски интереси наместо во служба на општото добро на народот и вистинска битка со пандемијата.
Целата негова реакција ја пренесуваме во продолжение:
“Им требаше вонредна состојба за себе, не и за народот.
За време на вонредна состојба:
-Го пуштија на слобода главниот рекетар
-Ја зголемија акцизата за горивата за 3 денари
-Избраа свои партиски судии
-Исплатија плати на веќе непостоечкото СЈО
-Се ангажираат партиски војници и се трошат пари за привремени вработувања
-Во буџетот наеднаш снема над 2 милјарди евра
-Се користат социјално ранливите категории на граѓани за спроведување на партиски поткуп изведен од страна на СДС.
-Мерките на Филипче се за лична себепромоција, не и за реална заштита на граѓаните.
-Македонија стана лидер во регионот во бројот на заразени здравствени работници, само поради тоа што немаат или ненавремено ја добиваат заштитната опрема.Оставаат илјадници работници на улица поради губење на своите работни места, со изговор дека доколку денес ги отпуштиле од работа можеби утре ќе најдат нова.
И секако, вонредната состојба не го спречи градоначалникот на Штип да троши пари за цвекиња и пијалоци за Општина Штип.
Со неспособност дојдоа на власт, со неспособност и ќе си заминат. СДС докажано е партија за правење хаос во државата. За општото добро на народот е побрзо да заминат од власт и никогаш повеќе да не се повторат.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип