Во оваа земја ништо не се знае, освен што се знае дека ништо не се знае. Доволен е само еден пример за да ја потврди претходната констатација. Имено, дека во оваа земја ништо не се знае, освен што се знае дека ништо не се знае. Знае ли некој (кој и да е) кога и како ќе започне образовниот п р о ц е с, бидејќи образованието е процес, а не еднократен чин? И дали овој процес ќе започне, односно продолжи? Наместо тоа да се каже, незнаењето, конфузијата и неодговорноста се прикриваат со бомбасти/нејасни зборови, кои (претпоставувам) не им се јасни и на тие што ги употребуваат. На пример, постојано се говори за некаква платформа, без да се објасни на каква платформа се мисли – нафтна, трамвајска, партиска или на платформа воопшто. Односно, на платформа како платформа – на платформа како таква! Слично е и во останатите области. Наместо за жаришта, или извори на заразата, се говори за кластери, сеедно што и самиот збор „кластер“ не е еднозначен. Сѐ се одвива во стилот: што понејасно, токлку „поучено“; колку „поучено“, толку позамаглено; колку позамаглено, толку позбунувачки.
Така, со години, животот изминува во збунетост.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час