БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Горазд Росоклија: ГОЦЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ако Делчев се борел за ослободување на Македонија и создавање автономна македонска држава, во што е неговото значење за Бугарија?Ако не се борел за ослободување на Македонија и за автономна македонска држава, во што е неговото значење за Македонија?Симон Боливар, Шпанец, го слават како ослободител и основоположник на нациите, 6 земји и 6 нации (Колумбија, Венецуела, Перу, Боливија, Еквадор, Панама), но не го слави Шпанија, а тој е Шпанец.Осоновоположниците на САД (државата и нацијата) сите биле Британци. Нив не ги слави Обединетото кралство (Англија), ги слави САД.Че Гевара е Аргентинец. Неговата личност и дело ги слави Куба, како и други земји во Јужна и Средна Америка, но не го слават во Аргентина.Гоце е роден во географска Македонија, државјанин е на Отоманската империја, се бори за слободна и автономна Македонска држава.Што е тоа што заеднички ќе го слават Македонија и Бугарија?Неговата борба завршила со пораз, значи земјите не слават победа туку ја слават идејата, која идеја?Територијално проширување на Бугарија?Слободна автономна македонска држава?Секоја држава може да слави кого сака и како сака, но како можат две држави заеднички да слават една личност, ако нивните историчари зборуваат за спротивставени идеи?Разговорот не треба да е меѓу политичари туку меѓу историчари. Врз основа на историски факти да дојдат до историска вистина за идејата која го водела Гоце и на која и го посветил и за која го дал животот.Тогаш, или Македонија нема да го слави, или Бугарија, но заеднички нема што да славиме.

Пишува: Gorazd Rosoklija

Креирано од:


Пренеси го гласот