БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Турнати столбчиња, паркирање на тротоар во зона на пешачки премин при посетата на Благој Бочварски на Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Граѓани на општина Виница реагираат во јавноста за “срамно и шеривско однесување на поранешниот градоначалник” преку социјалните мрежи. Од она што може да се заклучи во реакцијата поткрепена со фотографии станува збор за штета врз урбана опрема-столбчиња за обезбедување на сигурност во сообраќајот кои биле урнати како и прекршување на сообраќајни правила од страна на возила на функционери на СДСМ кои биле користени за време на посетата на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Виница.

Граѓаните во својата реакција пренесена преку фејсбук апелираат на поголемо ниво на култура.

“Срамното и шеривско однесување на поранешниот градоначалник продолжува 🤠😡🤬

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес Ивица Димитров како кординатор на СДСМ ИЕ3, претседателката на ОО Виница Марија заедно со министерот за транспорт за транспорт и врски. Покажаа на виничани завидно ниво на култура. За да се паркирааат колите ги отстраниле заштитните столбови на тротоарот иако на само 10 метра од таму има слободни паркинг места. За да биде уште потажно поранешниот градоначалник колта (од 30.000 евра) ја паркирал на тротоарот на самиот пешачки премин.

Упатуваме порака до нив дека времето на локални шерифи заврши, Виница и виничани не сакаат вакви апаши.”

-стои во реакцијата упатена преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace