БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Антонио Милошоски: Пратениците заедно со Владата да утврдат национални црвени линии во однос на односите со Бугарија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Став на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски:

“Почитувана јавност,

со вчерашен допис до пратениците и ресорните министри закажана е Комисијата за надворешна политика за во четврток во 11 часот.Темата е Македонија-Бугарија, која предизвикува огромен политички и медиумски интерес, и граѓаните со право очекуваат плодна дискусија и јасен став по ова битно прашање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Затоа сметам дека пратениците во Собранието, заедно со владата, мора да утврдат заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија, кој претставува историски анахронизам, спротивен на европските повелби за човекови права.Достоинството и самобитноста на македонскиот народ е европска културна, книжевна и јазична вредност и затоа ЕУ треба да отвори преговори за членство без дополнителни уцени!За службите во Собранието и пратениците сигурен сум дека на седницата ќе ги спроведат и почитуваат сите здравствени протоколи, за да можат поканетите министри да се чувствуваат сигурно.”

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3820055104680594

Креирано од:


Пренеси го гласот