БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЗДРАВКО КОЦЕВ „ИЗГОРЕ“ ЦВЕЌИЊА ОД НАД 3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Недомаќинското трошење на парите на граѓаните беше тема на прес конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за нестручно засадување на декоративни растенија набавени по енормно високи цени, кои што откако беа засадени се исушија на летните горештини ширум јавните површини во Штип.

Душко Иванов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го прозва директорот на ЈП Исар од Штип Здравко Коцев да одговори во јавност кој ќе понесе одговорност за недомаќинско потрошените 3 милиони денари -пари на граѓаните на Штип.

“Го повикуваме Магистерот за безбедност, господинот Здравко Коцев, пред јавноста да каже кој ќе одговара за експериментот со исушените садници во Општина Штип? 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ЈП Исар потрошило над 3 милиони денари за декоративни садници, кои поради нестручноста на магистерот и неговата желба за презентација пред медиумите, беа засадени среде лето. 

Следствено на тоа, цвеќињата изгореа и се исушија, а парите се разбира, се потрошија! 

Исар не штедел кога од струмичка компанија, блиска до власта набавувал цвеќиња за милиони народни пари. Поради бизнис зделките со цвеќиња јавното претпријатие си го растури својот расадник и сега во истиот нема цветен насад.  

Меѓутоа, најголемиот проблем кој се создаде во изминатиот период е тоа што ЈП Исар веќе извесно време работи со загуби и тоа очигледно за сметка на блиските фирми на Заев и СДСМ. 

Затоа, Магистерот за безбедност е должен да ѝ објасни на јавноста кој ќе ја сноси одговорноста за залудно потрошените пари, изгорените садници и загубите на ЈП Исар?”

-рече Душко Иванов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace