БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Транспарентност на градоначалникот: Одговори на советнички прашања на градоначалникот на општина Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница Миле Петков врз основа на своите политички определби а во интерес на јавноста во Виница и пошироко на регионот, од неодамна овозможи јавен пренос на седниците на советот на општината преку најмасовно користените социјални мрежи од граѓаните.

Од последната 10 седница на Советот на општина Виница градоначалникот Петков одговараше на повеќе советнички прашања најтранспарентно пред советниците и пред целата виничка јавност што е една голема придобивка за развојот на демократијата во општината но и пошироко во општините во регионот, кои што доцнат во имплементацијата на вакви алатки за јавност и транспарентност на работата на локалните институции.

“Во прилог видео од одговори на советнички прашања од 10-та седница на Советот на општина Виница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На 10-та седница на Советот беа разгледувани повеќе точки од кои позначајни се:

-Во делот на урбанизмот Советот даде зелено светло за почеток за изработка на ДУП за град Виница Блок 11 со опфат од ул.„Партризанска“ односно од поранешната фабрика „Трико“ спрема исток комплексот од фабрики во овој дел со намена Г2 – Лесна индустрија, Г3 – Сервиси и Г4 – Стоваришта;

-и за изработка на Урбанистички план вон населено место за м.в. Скараница, с.Блатец од кој поголемиот дел би бил со намена Г2 – Лесна инустрија, а останитиот со намена Е и намена А односно површина за поставување на фотоволтаични панели и викенd населба;

-Беше донесен Извештајот за финансиското работење на ЈП „Солидарност“ за првите 3 месеци за тековната година, кое и покрај доста позитивни показатели споредбено со минатата година, сепак остварило загуба во работењето првите 3 месеци од 1,2 милиони денари или за 600.000 илјади денари помалку од минатата, која се должи пред се поради зголемените расходи за покачената електрична енергија кои се зголемени за 1,4 милиони денари повеќе во однос на првите 3 месеци минатата година.”

-соопшти градоначалникот во јавност.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace