Членови и симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ придружувани со повеќе граѓани како што претходно беше најавено на одделна церемонија организирана во нивна посебна режија денеска во Делчево го одбележаа 2 Август Илинден.
Во рамки на настанот пред споменикот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев своја литературна творба посветена на Илинден прочита роднокрајниот автор и долгогодишен новинар (сега во пензија) г-динот Васил Маневски.
Потоа во краток свој реферат Стефанија A. Јовановски од името на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево прочита пригоден реферат по повод денешниот државен и сенароден Македонски празник Илинден, по што присутните положија свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и споменикот на паднатите борци од НОВ во центарот на Делчево.




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Етнокуќата во Кочани – изложба на рачни изработки со ткаење
44 годишна жена од Берово нападнала своја сограѓанка во нејзиниот дом
Тројца жители на с. Црник, пехчевско со трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во шумското подрачно стопанство “Равна Река”