Во 2006 година кога дојдовме на власт во Македонска Каменица работеа околу 800 луѓе, а заклучно со 2016 година вработеноста во Каменица изнесувала 1.800 вработени и ова е зголемување на вработеноста за 120 проценти, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната средба со граѓаните во Македонска Каменица.

-Вака се работи, а не да се продава ветер и магла и живот, треба да се обезбеди работа, квалитетен живот плата како и услови за живеење и развој за семејството. По победата на овие избори за учениците од прво до петто одделение ќе се обезбеди бесплатен здрав оброк кој ќе го финансира општината, а на тој начин родителите ќе добијат растеретување на нивните буџети. Општината и градоначалникот Дарко Митевски ќе обезбедат можности за стекнување на граѓаните со сопствен дом за оние кои што го немаат по симболична цена за само едно евро за квадрат, а ќе се укинуваат и трошоците и комуналиите за градење на куќи. Освен тоа ќе се отпишуваат и долговите за социјално ранливите категории заклучно со септември 2017. Нудиме концепт во кој ќе нема неосветлена и неасфалтирана улица и каде ќе има парк во секое маало, а ќе се изградат нови и ќе се реконструираат постоечките улици, потенцираше Груевски.
Тој додава и дека ќе се изгради и пречистителна станица на Каменичка река, а ќе се изградат и нови водоснабдителни системи во руралните средини, а ќе се реновира и училиштето „Свети Кирил и Методиј“ и ќе се отвори нова детска градинка.
Извор:Курир

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА