БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нови в.д директори на основни училишта во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изминатите денови се случија нови промени на раководните позиции во основните училишта „Тошо Арсов“ и „Димитар Влахов“.

Во основното училиште „Тошо Арсов“ на местото на досегашниот директор Димитар Параклиев доаѓа Фросина Маџарова, наставник во истото училиште и истакнат партиски активист на СДСМ.

Во основното училиште „Димитар Влахов“ нов в.д директор е Миле Младеновиќ, настанвик во истото училиште.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

До промена на овие директорски места дошло по депонирање на оставките дадени од сега веќе претходните директори

Нов в.д директор на ООУ „Славејко Арсов“  е поставен Павле Мицев, додека пак во детската градинка „Вера Циривири-Трена“ нов в.д директор е Софка Атанасова.

Како што говорат информациите овие кадри се изнудени решенија на СДСМ, и не се најквалитетните и најсоодветните што може да ги понуди оваа партија. Добро упатените во образовната сфера во Штип говорат дека овие се кадри кои се далеку од квалитетни профили, меѓутоа се одело на опцијата да бидат сменети актуелните директори од претходната власт независно кој ќе дојде на нивно место. Како новите директори ќе се снајдат на овие функции останува да видиме. Без разлика на партиската определеност образованието и пред се децата не смеат да чувствуваат последици од нечии партиски или лични интереси.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace