Денеска среда 12.12.2018 година се одржува третиот протестен марш по улиците на Скопје, кој ќе заврши пред платото на Владата на Република Македонија, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред две недели започнаа да се организираат овие протестни маршеви чија што основна цел е да се спротивстави народот заедно со опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ на погубните политики на Владата на Зоран Заев. Вакви протести се организираат секоја среда во Скопје а за викенд во општините од останатите делови од државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со личен повик денеска се обрати до граѓаните да учествуваат на овој Протестен марш кој ќе започне во 17.00 часот пред партиското седиште во Скопје. Повикот е упатен и за протестниот марш кој ќе се одржи во Велес во недела на 16.12.2018 година.
Заеднички да се спротивставиме на црнилата кои надвиснале над Македонија.Денес 12.12.2018, плоштад ВМРО во 17 часот, протестен марш против власта која ја зацрнува иднината на граѓаните на Република Македонија.16.12.2018 недела, протестен марш во Велес. #МакедонијоНапред

Заеднички да се спротивставиме на црнилата кои надвиснале над Македонија.
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) December 12, 2018
Денес 12.12.2018, плоштад ВМРО во 17 часот, протестен марш против власта која ја зацрнува иднината на граѓаните на Република Македонија.
16.12.2018 недела, протестен марш во Велес. #МакедонијоНапред 🇲🇰 pic.twitter.com/HmGjc0gSpt

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи