БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Bernays propaganda со ново EP најавуваат да го рушат малигното општество во кое живееме

Пренеси го гласот

Денеска на Bandcamp профилот на продукцијата Balkan Veliki Балкан Велики , во издание на Moonlee RecordsGeenger Records и Pop Depression // Pop Depresija, беше објавено новото EP издание на Бернајс Пропаганда (Bernays propaganda).

3-те песни се снимени во Studio 1060 со новата постава која покрај Кристина Горовска, Vasko Atanasoski Васко Атанасоски и Deni Krstev е засилена со Rade Jordanovski и Кристијан Лафазановски , а како гости се појавуваат Тони Китановски и mike watt.

Со ова нивно ново издание бендот го најавува својот следен голем концерт  кој што ќе се одржи во Младонскиот културен центар во Скопје на 22 и 23 февруари (петок и сабота), како и новото албумско издание.

Лириката содржана во првата песна од EP-то насловена како “Mojata Marija” се граничи со приказната која беше застапена на нивниот претходен албум. “Ништо нема да не раздели” продолжува таму каде што застана “Политика” кој беше објавен во 2016 година од страна на 
Moonlee Records. Она што е забележливо во звукот на оваа тема е идентитетски белег на препознатливиот мелодичен семплуван звук на бендот. 

Втората песна “Kerka na gladot” започнува со навидум лошо продуцирана дисторзирана гитара, која ако е намерно-наивна најава за нови диви дисторзирани рифови е и тоа како оправдана.  Песната продолжува со својата легато лежерност, но на моменти се осеќа жечбата за бурниот и суров звук на дисторзираната гитара која од далечина и’ “тежи” на песната.

Симболиката на ова гротескно чувство на компресиран бес на гитарата која како да се срами да згрми од далечината на она што претставува стиховна слика на вокалот е наш доволен аргумент да се понадеваме дека наредниот албум на бендот од една “учтива” и “културна” конструктивност и компромис ќе се изроди во жестока револуционерна тупаница на оваа генерација на музички андерграунд.

Третата песна која истовремено го носи насловот на ова EP издание претставува совршен крај за ова кратко-слатко музичко трејлерче.

Музиката во Република Македонија во изминатите децении на независност, и во децениите пред тоа под чизмата на извитоперениот социо-буржујски систем на поранешната држава секогаш била авангардата на промените кои следуваа потоа.

Наредното издание на бендот Бернајс Пропаганда посакуваме да биде токму тоа…

Новата авангарда на нашево време…

За оваа загубена и излудена генерација Македонци.

Креирано од:


Пренеси го гласот