БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО ДПМНЕ за Кочани, вработувања и огромен број проекти

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ вети дека ќе ја намали невработеноста, така и направи, рече на прес конференција носителот на листа за советници во Кочани од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Д-р Лазо Митев.Во 2006-та година Кочани имаше 12.000 лица, сограѓани кои се од едната или од другата партија а кои се невработени. Денеска бројот на невработени изнесува 3.800 лица, ваквото трикратно намалување на невработеноста е резултат на два доминантни фактори а тоа е активните мерки за вработување и привлекувањето на странски инвестиции во Општината. Кочани го доби “Амфенол“ – американска компанија која претставува странска инвестиција од 6 милиони евра во производствен капацитет во Кочани ‘Амфенол’ веќе има две фабрики и три погони во Кочани. На крајот на 2015 година во компанијата „Амфенол“ има 515 вработени, на крајот на 2016 година, бројот на вработени се зголемува на 1.135 лица. Кочани ја доби и “Антура“ холандска компанија која изгради репроцентар за цвеќе. На крајот од 2015, „Антура“ во Кочани има вработено 163 лица. Кон крајот на 2016 година, бројот на вработени лица во компанијата се зголемува и изнесува 278.Локалната самоуправа со подршка од советниците од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ успеа да ги надмине сите пречки и да вработи и згрижи голем број грагани.

Советот на општината одобри и даде залеено светло за изградба на приклучок кон фекална канализација во вредност од над 8 милиони денари, односно како локална самоуправа изградивме водовод и одводна канализација, тротоари, поставивме улично осветлување.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace