БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во спомен на Драгица и Асен Давиткови во с. Тработивиште засадени повеќе садници од видот Гинко Билоба

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од денеска дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица во село Тработивиште ќе го красат новозасадените садници на дрвото на животот и вечноста од видот Гинко Билоба.

Овие садници се дар од ќерките Сузана и Лилјана во спомен и слава на нивните родители Асен и Драгица Давиткови.

Асен Давитков е еден од позначајните интелектуалци и општествени дејци во целата половина на минатиот век кој што како дипломиран шумарски инжинер има напишано повеќе значајни трудови од неговата област а исто така бил тработивишки зет, долгогодишен директор на Шумското стопанство ГОЛАК и на Комуналното претпријатие БРЕГАЛНИЦА од Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ден денес неговите трудови од областа на ботаниката специфично шумарството се ненадминливи по својата содржина како и квалитет на систематска обработка на податоците, која што наголемо недостига во денешни услови.

Под раководство на Асен Давитков се пошумени големи површини од Пијанецот со различни видови на дрвни садници што како подвик е ненадминлив во денешни услови.

Во продолжение го пренесуваме текстот кој што го напишаа ќерките на Драгица и Асен Давиткови по повод денешниот чин на засадувањето на Гинко дрвцата во дворот на црквата во село Тработивиште.

“Од кога постои човештвото, најјаката врска која ги држи, поврзува и возвишува луѓето, е семејната.

Потеклото и корените се основата за сѐ она што сме. Токму затоа и држејќи се цврсто, гордо и донстоинствено за нашето потекло, по мајка, од село Тработивиште и како први внуки на нашите дедо Методи и баба Аника Марковски, денес, во дворот на селската црква Успение на Пресвета Богородица посадивме три дрвца од видот Ginko biloba. Во спомен на нашите претци, а за среќа, здравје и благослов на нашите фамилии Марковски и Видимлиски, симболот на животот и вечноста, дрвото Ginko biloba, од денес и во следните стотици години ќе го краси дворот на прекрасната селска црква, а на посетителите и жителите на с. Тработивиште ќе им нуди уживање со својата убавина. Преку шумот на лисјата ќе ја раскажуваат приказната за селото, ќе сведочат за постоењето на генерациите и ќе го пренесуваат аманетот за зачувување на корените и потеклото, како ислкучителни и темелни вредности за постоењето и опстанокот на човештвото.

Токму затоа, Ginko – дрвото на живот и вечноста!

За реализација на оваа наша активност им благодариме на учителот Васил Маневски и Миле Велков од с. Тработивиште, кои ширум ги отворија портите на црквата и сесрдно ни помогнаа да ги засадиме дрвата на вечноста. Благодарност и до нашите вујковци Ѓорѓи, Атанас и Миле, кои активно учествуваа во реализацијата на оваа наша мисија и со својата љубов го оплеменија денешниот ден.

Посебна благодарност до Tome Ginko кој со огроман љубов ги одгледува овие дрвја, за неговиот ангажман и посветеност за ширење на Ginko мисијата во Македонија!

Ние пак, ќе продолжиме да ја шириме љубовта преку овие Гинко дрвја, затоа што за нас гинкото е спомен на нашите родители Драгица и Асен Давиткови, кои ја всадија во нас љубовта и грижата за природата.”

-стои во текстот упатен до јавноста по повод денешниот чин.

На чинот на засадувањето на Гинко дрвцата денеска во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица присуствуваа повеќе жители на селото како и почитувачи на делото на Асен Давитков.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace