Делчево утрово осамна со преплавени улици со флаери на кои еден до друг стојат градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и неговата “десна рака” директорот во ЈКП “Брегалница” Делчево Стојче Стојковски.
На флаерите стои испишано “ДОСТА Е” што како порака допира до случајните минувачи по улиците на Делчево.
Дали на овој начин граѓани на Делчево сакаат да упатат порака до локалните власти на СДСМ да престанат со лошите локални политики кои како двоец ги спроведуваат на штета на граѓаните или пак станува збор за нешто сосема друго останува да проследи јaвноста во наредниот период.
Во изминатите неколку месеци во континуитет работата на директорот на јавното комунално претпријатие беше мета на постојани критики на социјалните мрежи што веројатно е мотив за ваквата герила акција на делчевчани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип
Иван Гоцевски: Mора да се бориме за целосна рамноправност меѓу жените и мажите, што ВМРО-ДПМНЕ во Делчево на силен начин го докажуваме
В.д. градоначалникот на Кочани Крстевски потпиша грант за нови 5 илјади водомери на територијата на општина Кочани