БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски за Платформата 6:„100% посветено за тебе“- Веќе не протекуваат информации за полициските акции

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Владата на Република Македонија во рамки на Пратформата бр. 6 именувана како „100% посветено за тебе“ чиј фокус се мерките и политиките од безбедноста, одбраната и правдата свое обраќање имаше Министерот за Внатрешни Работи Панче Тошковски.

Тој во своето обраќање пред присутните но и пред целата Македонска јавност ги истакна дел од постигнатите резултати во работењето на министерството во борбата против криминалот и корупцијата вклучително и претив високи државни функционери што не било случај во минатото.

“Покрај затекнатата катастрофална состојба борбата со криминалот е успешна, криминалните групи паѓаат а информации не протекуваат. Денеска во владата учествував на платформата „100% посветено за тебе“ каде за јавноста во фокус беа мерките и политиките за безбедноста, одбраната и правдата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители со правосилна пресуда повеќе не се дел од рекетарски систем којшто институционално го граделе години наназад. Во една недела за два дена имавме две сеопфатни акции, едната на територија на југоисточна Македонија и едната на Западна Македонија. Во едната падна цела организирана група на цариници којшто ја злоупотребувале службената положба и се богателе на грбот на македонските грѓаани. Во втората акција беше сузбиена една криминална група која долги години харала и била поврзана со нелегална трговија со дрога, со луѓе, перење пари. Разликата од претходно во спроведувањее на таков тип на акции е што тогаш на денот на акцијата некако магично првите луѓе на тие криминални групи секогаш беа надвор од државата и недостапни за полицијата а беа апсени луѓе кои не се носители на криминалот. Е сега таква информација која ќе им дозволи да избегаат не протекува и затоа акциите се успешни и ќе продолжат да бидат успешни.”

-рече Министерот Тошковски во врска со работењето на МВР во изминатите месеци.

Притоа во однос на безбедноста на скопјани Министерот Тошковски зборуваше и за системот “Безбеден град”:

“Многуочекуваниот проект Безбеден град и поставувањето на камерите во Скопје, Тетово и Куманово се очекува да биде завршено и проектот да биде финално пуштен во текот на 2025 година. Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат. Проектот иако е планиран и почнат од порано не се предвиделе системските решенија како ќе се имплементира и низ другите институции како судовите.

Секако ќе има период на информирање на граѓаните, нивно прилагодување кон системот со цел да стартуваме сите спремни и заедно да градиме сообраќајна култура која ќе резултира со ред во сообраќајот без жртви.”

-рече Тошковски во одговор на прашање на еден од панел дискутантите во рамки на платформата.

Креирано од:


Пренеси го гласот