Откако пред неколку недели во јавноста од страна на нашиот портал беше објавена информацијата “Морбиден настан во Делчево: Покоен делчевчанец погребан надвор од христијанските гробишта на крајно примитивен начин” во кој што ја алармираме јавноста во врска со постапувањето на надлежните служби околу смртта на наш сограѓанин од Делчево а чие што тело било погребано надвор од христијанските гробишта на крајно проблематичен начин; при што упативме повеќе прашања од јавен интерес до локалните власти во Делчево, денеска до редакцијата на Брегалнички Портал пристигна Одговор на барана Информација од Јавен Карактер препратена до ЈКП Брегалница од Општина Делчево чиј што текст во продолжение го објавуваме во целост поради големиот интерес кој што го предизвика овој случај во јавноста.
Во Одговорот на ЈКП “Брегалница” Делчево доставен до нашиот портал се вели дека после 2 дена претстој на телото на покојникот во градската капела во Делчево, телото било предадено на економскиот оператор задолжен за побреб во присуство на член на семејството на починатиот по што телото било закопано во Исламските гробишта во Делчево. Истовремено служите од ЈКП “Брегалница” Делчево побарале од операторот да почека со погребот за да дојде член на семејството на починатиот со кој што требало да се договорат околу детали за погребот.
За какви детали станува збор и дали овие детали вклучуваат нерегулирани односи на јавното претпријатие со починатиот не соопштуваат од ЈКП “Брегалница” Делчево.
Сепак од ЈКП “Брегалница” Делчево во нивниот одговор информираат дека починатото лице било уредно погребано.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година