Во своето гостување на програмата на ТВ 24 Вести Претседателот на Комисијата за за електронски комуникации при АЕК Орце Симов зборуваше за програмските определби и намерите на ова тело во наредниот период да овозможи подобрување на јавните електронски комуникациски услуги со крајна цел тие да бидат целосно достапни на граѓаните и стопанството во функција на подобрување на економските придобивки и стандардот на живот во целата држава.
Како приоритетни точки во работата на оваа комисија ќе биде довршувањето и ставањето во функција на телекомуникациската кула на Водно која што повеќе години стои недовршена и покрај тоа што за неа досега се потрошени огромни сретства таа не може да им служи на граѓаните и стопанството. Намерата на актуелните власти е овој инфраструктурен објект што побргу да профункционира во интерес на подобрување на телекомуникациските услуги за граѓаните на главниот град но и пошироко.
Понатаму во своето обраќање пред јавноста професорот Симов истакна дека како комисија ќе се залагаат за подобрување на телекомуникациската покриеност со мрежа на т.н. бели зони каде што има помалку густина на население, што за досегашните оператори беше неисплатливо.
Во однос на разбивањето на дуополот на двата мобилни оператори професорот Симов уште еднаш ја истакна посветеноста на Владата и Министерот за транспорт за воведување на конкуренција на ова поле со цел за поевтинување и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните
Целото излагање на Проф. Орце Симов на програмата на ТВ 24 вести може да го погледнете во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани