БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Делчево со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Поради ненавремено подмирување на обврските, општината од 2008 година е во постојана блокада, со намалена ликвидност и солвентност и вкупен долг од 162.218 илјади денари, а во 2012 и 2013 година, извршена е продажба на општинскиот имот од јавен интерес, поради не доставени приговори до основниот суд на налозите за извршување

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Делчево, за 2023 година.

Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на општината и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики на сметките на основен буџет 630 и 637.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Не се евидентирани побарувања по основ на данок на наследство и подарок и надоместок за легализација на бесправно изградени објекти, не се преземаат дополнителни активности за присилна наплата на побарувањата и не се пресметува и наплатува камата за данокот кој не е платен во пропишаниот рок.

Со ревизијата утврдивме слабости во начинот на администрирање, утврдување и наплата на приходите по основ на данокот на имот и данокот на промет на недвижности, односно даночните обврзници кои се стекнале со дополнителен или нов имот во минати години не се задолжени со данок на имот, а утврдувањето на пазарната вредност според зоните во изминатите 5 години нема претрпено измени и не кореспондира со постигнатите пазарни цени за поодделни видови на недвижен имот и просечните цени на извршени купопродажби во претходната година на подрачјето на Општина Делчево.

Општината не остварува приходи по основ на комунална такса за:

  • привремен престој,
  • користење на музика во јавните локали,
  • користење на простор пред деловен простор и
  •  комунална такса за реклами, објави и огласи, а за склучените договори за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште на рати, нема обезбедено инструменти за плаќање.

Во општината недостасуваат активности за заштита и унапредување на урбаното зеленило, односно нема воспоставено Зелен катастар, нема донесено Стратегија за развој на зеленилото  и Годишна оперативна програма за подигање и одржување на зеленилото и не се остваруваат приходи по основ на надомест за одржување на јавното градско зеленило.

Дом на културата „АСНОМ“ – општинска зграда

За вредноста на земјиштето и недвижните ствари не е извршена проценка, за дел од имотот не се обезбедени докази за правото на сопственост, инвестиционите вложувања не се евидентирани на соодветните сметководствени позиции, а неправилности има и во спроведениот попис на средствата и обврските.

Во 2023 година, општината ангажирала 38 физички лица за извршување на јавни работи, кои не се предвидени со програма и не се на јавен повик, со паушален надоместок од 9 до 30 илјади денари и не обезбедено право на осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Без донесени годишни програми, општината финансирала активности на спортски клубови, спортски здруженија, здруженијата на граѓани и граѓански организации во износ од 1.299 илјади денари, и направила расходи од 1.057 илјади денари без поткрепувачка документација за потрошено гориво, поправка и сервисирање на товарни и патнички моторни возила со замена на резервни делови и транспорт на пумпа (високо притисна) за вода и пожарникарски скали наменети за ТППЕ.

За јавната набавка за  „Реконструкција на влезот, влезниот хол и на малата сала со сцена и галерија во Спомен-домот ,,АСНОМ“ во Делчево“ не е обезбедена дополнителна банкарска гаранција за измена на договорот и утврдени се слабости во тендерската документација.

За надминување на утврдените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од страна на надлежните институции и одговорни лица.”

-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна ан Државниот завот за ревизија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace